Владини службеници се караат со новинарите и снимателите пред платото на црквта Св. Спас, владата кажува како да работат новинарите!

Владата одредува каде снимателите ќе снимаат за време на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а новинарите не можат да го следат чествувањето во кругот на црквата, туку стојат надвор пред платото, пренесува „Макфакс“, од каде додаваат дека наместо да најдат решение, владини службеници се расправаат со новинарите.

Владините службеници, кога снимателите бараа да останат пред платото, им кажаа дека тоа не е дозволено и дека мора да бидат внатре бидејќи настанот се одвива во црквата. На новинарите кои сакаа да влезат внатре им беше укажано дека тоа не е дозволено и дека ќе стојат надвор.

 

republika.mk