Полицијата врши контрола на секое возило со бугарски таблици на патарината кај Куманово

0
222

Полицијата врши контрола на секое возило со бугарски таблици на патарината кај Куманово во очекување на поголема група од 150 Бугари кои утрово тргнаа од Софија кон Скопје за да му се поклонат на македонскиот револуционер Гоце Делчев, пренесува „А1он“.

Засилени полициски контроли со неколку возила и комбиња стојат на сите наплатни места откако на социјалните мрежи граѓаните најавија дека ќе ги блокираат патарините за да не поминат бугарските државјани, а од МВР вршат контроли засега само на бугарските возила.

Цело утро се сопираат патници во возила со бугарски таблици. Поминаа само две комбиња со бугарски таблици, но беа придружувани од две полициски возила. Немаме најави дека ќе има блокади, засега е мирно, истакна за „А1он“ од патарината во Романовце.

 

a1on