Mоментот кога Федор ги стави ракавиците на подот и ја заврши кариерата

После 23 години една од најголемите кариери во историјата на ММА, легендарниот руски борец Федор Емелијаненко вечерва се прости од спортот. Кариерата ја заврши со 46 години на грб, а за последниот меч не избра лесен противник. Тој се прости од тешката загуба во првото коло во борбата за шампионскиот појас во тешка категорија против Рајан Бадер (39), најдобриот тешкаш во Белатор.

Федор или последниот руски цар, како што многумина го нарекуваат, за некои љубители на ММА е најдобриот тешкаш во историјата и еден од најголемите ММА борци досега. По оваа борба со 40 победи има седум порази од кои два му нанесе само Бадер. Кариерата ја заврши со симболично пуштање на ракавиците на подот од кафезот.

index.hr