Спасен брачен пар од снежни наноси во Крушево

0
195

К.Р. (22) од Скопје вчера побарал помош затоа што заедно со неговата сопруга на патот од споменикот „Слива“ кон Крушевското езеро, со патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки заглавиле во снежни наноси.

Полициски службеници од Крушево извршиле проверки на теренот и на местото викано „Тушот“ лицата биле пронајдени во добра здравствена состојба, а возилото било извлечено.
Полицајци од СВР Тетово вчера спасувале две малолетни лица од Скопје од објект кај ски-лифтот на Попова Шапка кои поради густата магла и силниот ветер не биле во можност да слезат. Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка во содејство со ратрак излегле на местото и околу 16.20 часот малолетниците биле пронајдени, прифатени и доведени до центарот на локалитетот во добра здраствена состојба.
mkd.mk