Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто, реши денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со неа, бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денари.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) за 78,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.