Во Турција поради земјотресот прогласена седумдневна жалост

Поради разорните земјотреси во јужните области на Република Туркије, во кои загинаа стотици луѓе, во земјата е прогласена седумдневна национална жалост, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Поради земјотресот во Туркије прогласена е национална жалост во траење од седум дена“, наведе Ердоган и додаде: „Нашето знаме ќе биде спуштено на половина копје во сите наши претставништва во земјата и во странство до зајдисонце во недела, 12 февруари.“

Најмалку 1.651 лице загинаа, а 11.119 се повредени во земјотресите во Туркије, потврди денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер утрово го погоди југот на Туркије. Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик во Кахраманмараш, Туркије.

Потоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер во 13:24 часот го погоди дистриктот Елбистан, исто така во Кахраманмараш.

Извор: Анадолу.

фото: Анадолу.