Ердоган: „Сите можности се мобилизирани по земјотресот“

0
152

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Туркије со сите свои институции и можности е мобилизирана по разорниот земјотрес што се случи на 6 февруари во јужните области на земјата, јавува „Анадолу“.

„Ги мобилизиравме сите наши можности. Државата работи со општините, особено со АФАД, со сите свои можности“, рече Ердоган додека вршеше увид на хуманитарните акции спроведени во областа Кахраманмараш каде што се случија двата големи земјотреса.

Повеќе од 13 милиони лица во девет области се погодени од земјотресите кои се случија на 6 февруари во јужниот дел на Туркије, кои беа почувствувани и во околните земји, вклучувајќи ги Сирија и Либан.

„Моментално бројот на загинати во земјотресите изнесува 8.574, а на повредени, 49.133“, нагласи Ердоган.

Турскиот претседател информира дека бројот на срушени згради како резултат на земјотресот изнесува 6.444.

Според него, одредени хотели во областите Мерсин и Анталија, вклучувајќи го и подрачјето на Аланија, ги отвориле своите врати за жртвите на земјотресот.

„Нашите граѓани не треба да се загрижени. Никогаш нема да дозволиме да останат на улица“, додаде тој.

Ердоган истакна дека секое семејство погодено од земјотресот, ќе добие помош од 10.000 турски лири (околу 530 долари).

„Целта ни е во 10 области погодени од земјотресите, каде што доживеавме катастрофа, за една година да спроведеме масовна изградба на станбени единици“, нагласи Ердоган.

Текстот во целост на: „Анадолу“.

фото:„Анадолу“.