СДС и ДУИ се држат на власт со криминални структури, уценуваат пратеници за да не им падне владата, а немаат кворум 3 недели за да одржат седница.
Владејачкото мнозинство е целосно нефункционално, сите закони им се закочени дел на комисии, дел на пленарна, и сето тоа затоа што немаат ниту 61 пратеник и затоа што меѓу себе не можат да се договорат во криминалот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
СДС и ДУИ функционираат пазарџиски, и целата држава е заложник на една тесна клика на врвот на власта, која сака ден повеќе да остане на своите позиции за да прават криминал и да крадат.
Не смее да се заборави дека оваа власт потроши 20 милијарди евра буџети изминативе години, а луѓе умираат затоа што не купиле лекови.
Оваа власт троши милијарди, а нема ниту еден проект, сите инфраструктурни проекти се закочени и ништо не се работи.
И додека власта краде, таа го задолжува народот, јавниот долг е до сега историски највисок, и изнесува 7.7 милијарди евра, тоа значи дека власта краде пари кои ги нема, се позајмени и утре треба да ги враќаат идните генерации.
извор: ВМРО ДПМНЕ