Фотографијата која го обиколи светот: Азербејџанец помага во Турција со стар автомобил

На социјалните мрежи се шири трогателна фотографија од Азербејџанец кој го натовари својот стар дотраен автомобил со работи и тргна да и помогне на разурнатата Турција од земјотресот.

 

Во разорните земјотреси во Турција животот го загубија повеќе од 17 илјади луѓе, а повеќе од 53 илјади луѓе беа повредени. Бројките сè уште растат, а хуманитарната криза се повеќе ескалира. Првата земја која и пријде на помош на Турција е Азербејџан од каде тргнаа спасувачките екипи, а луѓето се организираа и почнаа да испраќаат помош.

Еден од нив е и Сервер Беширли кој заедно со неговиот брат Имамверди Беширли го наполни својот стар автомобил со работи и се упати кон Турција од својата трошна куќа во Баку.

index.hr