Една година ја крие врската со мистериозната убавица

Според странските медиуми, Бил Гејтс има нова љубов, а тоа е вдовицата на неговиот пријател.

Бил и Мелинда Гејтс беа еден од најпознатите парови во светот, а нивниот брак траеше речиси три децении. Пред две години светот беше изненаден од веста дека се разведуваат по 27 години брак, а изгледа дека сега Бил има нова девојка.

Како што пренесуваат странските медиуми, еден од најбогатите луѓе на светот веќе некое време ужива во романса со Пола Херд (60).

Тие се неразделни“, изјави пријател на двојката за Daily Mail.

Инаку, Пола беше во брак со претседателот на компанијата Оракл, Марк Херд, кој почина од рак во 2019 година. Нејзиниот покоен сопруг долги години работел за NCR, а во моментот на неговата смрт неговото богатство се проценувало на 500 милиони долари.

Пола работела како извршен директор на NCR, каде што го запознала својот иден сопруг, со кој се омажила во 1990 година, и имаат две ќерки, Кетрин и Кели.

Интересно е што основачот на Мајкрософт и директорот на Оракл често се дружеа и поминуваа време заедно, а еднаш дури и Пола и Марк беа фотографирани зад Гејтс на тениски меч во Калифорнија во 2015 година.

 

faktor.mk