Тим од Сараево спасија шест лица од урнатините на Хатај 102 часа по земјотресот

Шест лица беа спасени од под урнатините на петкатната зграда во Искендерун, во турската провинција Хатај, дури 102 часа по разорните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на Турција, а во нивното спасување учествуваше и спасувачки тим од Сараево. , пренесува Анадолија.

 

Бројни спасувачки екипи продолжуваат со потрагата и спасувањето во Хатај. Утрово во текот на спасувачката акција спасувачите слушнале гласови од под урнатините на зградата.

 

Добиле информации дека под урнатините останале две семејства од вкупно осум члена и веднаш ги интензивирале напорите да спасат луѓе. По огромни напори успеале од урнатините да извлечат шест лица, меѓу кои и брачната двојка Јасемин и Кадира Октаја.

Во спасувачката акција учествувале и членови на спасувачката служба Горска Нови Град од Сараево. Вкупно 20 од нив на чело со Фахрудин Добрача пред два дена отпатуваа во Турција за да им помогнат на турските граѓани погодени од земјотресот. Истата екипа вчера од под урнатините во Хатај спасила 70-годишен старец заедно со спасувачите од турската ИХХ.

 

Спасените лица поради повредите со кои се здобиле во земјотресот се пренесени во болница. Насобраните со голем ентузијазам го прославија спасувањето на луѓето.

 

Под урнатините на истата зграда има повеќе луѓе, поради што спасувачките екипи ја продолжуваат акцијата за спасување.

 

Најмалку 18.342 лица загинаа, а 74.242 се повредени по двата силни земјотреси што во понеделникот ја потресоа јужна Турција, потврди Управата за вонредни ситуации (АФАД).

 

 

aa.com.tr