Градежен инженер спасен од под урнатините 101 час по земјотресот

Триесетгодишен градежен инженер денеска е извлечен жив од под урнатините на срушена зграда, на петтиот ден откако силните земјотреси ја потресоа јужна Туркије, усмртувајќи повеќе од 18.000 луѓе и предизвикувајќи големо уништување, јавува Анадолу.

Хикмет Јигитбаш е спасен во Антакија, Хатај, откако под урнатините мина 101 час.

Спасувачот Мустафа Ајдин разговараше со Јигитбаш за време на напорите за спасување и му вети дека ќе го прегрне кога ќе биде извлечен од урнатините, ветување што го одржа.

„Најмалку 18.342 лица загинаа, а 74.242 се повредени во двата силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер што во понеделникот ја потресоа јужна Туркије“, објави денеска Агенцијата за катастрофи на земјата.

Извор:Анадолу.

фото:Анадолу.