ФОТО: Ова се припадниците на АРМ кои учествуваа во спасување на малиот Сулејман

Претседателот на државата, Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографија од припадниците на македонската Армија кои вчера учествуваа во спасувањето на пет годишниот Сулејман од урнатините во Турција.

-Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција. Честитки, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Од АРМ вчера објавија дека армискиот тим кој е ангажиран во Кахраманмараш помогна во успешната акција за извлекување на 5 годишно дете од урнатините.

По шестчасовно расчистување на рушевините и дополнителни четири часа успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.