„Инволвираност на четири лица во два кривично правни настани во кои се пронајдени две жртви испита четири лица. Во просториите на ОЈО тројцата за сите петмина за кои постои основи дека се извршени овие кривично – правни дејствија имаме признане кој за што бил задолжен,“, рече главниот јавен обвинител Гаврил Бубевски.
Тие извршиле две кривични дела грабнување, кои се поврзани со користољубие и убиства кои се кфалификувани кривични дела заради поврзаноста на сторителите тое добива најтешка квалификација и се казнува со најтешка казна која може да се изрече во Македонија, рече Бубевски.
Тој истакна дека 48-часовен притвор е изречен заради обработка на доказите и обдукцијата на телата, по што МВР ќе излезе со соодветна пријава и ЈО ќе отвори постапка по што ќе може да кажеме повеќе детали. Сега се води предистрага, законот тоа ни го дозволува. Опасност од бегство и влијание и ќе биде побарана најтешка можна мерка за присуство на обвинетите. Ќе биде издадена и меѓународна потерница за лицето кое не е во државата спорен привичните информации.
На новинарско прашање Бубевски одговори дека поради интензивната потрага по детето во јавноста, осомничените одлучиле откако ќе го ликвидираат детето да ги бараат парите. Тој додаде дека времето на лишување од лижот е според тоа што тие го признале, а тоа се уште се утврдува и се чекаат материјалните докажи и обдукцијата.