Агенцијата за управување со одземен имот денеска информираше дека се продадени вкупно 3 (три) одземени недвижности согласно Јавниот оглас за продажба на одземен имот, по пат на електронско јавно наддавање.
„Имено станува збор за 3 недвижности кои согласно правосилната судска предуда КОК – ПП бр. 283/2022 се одземени од г-динот Сашо Мијалков.
Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244 000 евра“, соопштија од Агенцијата.
фото: Архива