ЦУК: Пронајдени деца кои се изгубиле на Водно

0
149

На Единствениот број за итни случаи 112, вчера била добиена пријава за залутани деца во пределот на Средно Водно кои преку земјан пат сакале побрзо да стигнат во градот, но се изгубиле, соопшти Центарот за управување со кризи.

Веднаш била известена полицијата и по релативно кусо децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до нивните домови во Скопје.

Според последниот 24-часовен извештај на ЦУК, од вкупниот број 1.

522 повици на бројот за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 33,84%, а 66,16% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

Согласно природата на настаните, преку ЦУК кон полиција биле упатени 50,80% од повиците од 112, кон Итната медицинска помош 37,97%, а кон пожарникарите биле упатени 7,49%.

ЦУК информира и дека викендов имало 25 пожари на отворено – во саботата 21 и четири пожари вчера, и тоа во Битола, Прилеп, Крушево и Куманово. са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА