Спасовски: Извршен претрес во партијата на осомничениот, одземни се одредени материјали – сите осомничени лица се членови на таа партија

Колата на убиениот велешанец Панче Жежовски се движела во Скопје на 27 ноември, претходно не се движела во Скопје, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Цитроен и рено кангу се движат заедно и тука доаѓа до спојувањето на случаите. Од тука се започнува со заедничката истрага. Немавме пријава за исчезната кола, само за лицето – рече Спасовски објаснувајќи дека 5 дена колата на Жежовски иако тој би убиен никаде ја немало сѐ до 27 ноември кога се појавила во Скопје.

Спасовски рече дека е извршен претрес во партијата на осомничениот, одземни се одредени материјали и според сознанијата на полицијата, сите осомничени лица се членови на таа партија.

Спасовски рече дека девојчето е изнесено од влезот со врзани раце и нозе во вреќа за спиење и го ставиле во гепек.

– Нема информации за тоа која сума на пари ја барале киднаперите за Вања и дали воопшто биле побарани пари од мајката. Тоа ќе се истражува допрва – рече обвинителот Гаврил Бубевски.

Ќе се бара обезбедување на присутност на таткото во постапката и од него ќе се бараат податоци за изнудата. За ова од Обвинителството ветија информации подоцна.