Спасовски: Вања со врзани раце и нозе и во вреќа ја ставиле во гепек

Како биле поврзани двете убиства и што се правело пет дена, беше прашан министерот Спасовски на денешната прес конференција.

По претходно добиена информација што ја имале вечерта пред грабнувањето, осомничените го земаат девојчето во влезот во зградата со врзани раце и нозе и во една вреќа за спиење спиење и го изнесуваат и го ставаат во гепек од возилото. Пред возилото цитроен се наоѓа возилото „рено кангу“ кое цело време се движи пред нив – изјави Спасовски и додаде:

-Од првиот момент и за исчезнатото лице во Велес беа преземени сите мерки. На почетокот немаше корелација на двата случаи. На 27-ми кога се пријавува исчезнување на девојчето имаше две пријави, едната е утрото од мајката, а втората е подоцна од таткото. Но, потрагата почнува уште по првата пријава. Паралелно се водеше истрагата и тука и Велес. Преземени се низа мерки, видео надзори, мета податоци и сѐ што е потребно. Ние колата на сејф сити ја најдовме на 27-ми низ Скопје, кога се утврдува дека и „цитроен“ и „рено кангу“ се движат заедно и тука доаѓа до спојување. Веројатно таа кола тие денови не се движела, ја нема на камера. Детето е грабнато во зградата, по претходно добиена информација дека излегува само. Не е точно дека заради самитот на ОБСЕ не се постапувало, тоа е апсолутна лага, рече Спасовски.