Обвинителот Гаврил Бубевски и министерот Оливер Спасовски за убиството што ја потресе Македонија на Вања Ѓорчевска истакнаа дека го расчистиле случајот откако беа пронајдени двете лица кои за жал беа пронајдени мртви.
-Осомичени се пет лица, тројца се приведени, едно е надвор од државата а приведен е и таткото на девојчето. Целта било да се изнудат пари од мајката на девојчето од кои сите би имале корист. Земена е пред живеалиштето откако таткото споделил информации за времето на излегување на девојчето-објасни Спасовски.
Спасовски повтори дека делото е користољубие:
Мотивот е користољубие при што едното од лицата во договор и со знаење, според првичните сознанија на член на семејството го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката, за сите да имаат корист од тоа.
Повозрасното лице од Велес, фризерот Панче Жежовски, нема никаква врска со малолетничката, но поради негови врски со еден од осомничените неговото возило е земено и со тоа била земена малолетничката од влезот на живеалиштето откако претходно таткото споделил информација за времето на нејзиното излежување сама од дома.
„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11.2023 некаде околу 11 часот ја усмртил малолетничката исплашен со доказите до кои може да дојде МВР, го сторил тоа кривично дело. Ќе сторам се овој монструм на кој му ја следиме трагата штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски.
Спасовски појасни дека МВР и ОЈО вчера не излегоа на прес конференција од причини што семејствата не треба да дознаат за смрт на блиските лица од медиумите, а не затоа што беше недела оти МВР и ОЈО немаат работно време.
– Важно е да се мисли на семејствата, а луѓето работат се уште за утврдување на околностите. Оставивме да се изврши уште еден распит и неколку претреси за кои се чекаа судски наредби. Познато е дека СВР Скопје и СВР Велес веднаш ги презедоа сите мерки по пријавувањето на лицата за исчезнати. Беа извршени претреси во домови на подрачјето на Скопје, Велес и Штип, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, разговарано е со лица кои би можеле да имаат информации, а секојдневно работеа стотина луѓе на овие случаи, рече Спасовски.
Тој вели дека станува збор за изолиран случај на брутални кривични дела извршени од монструми кои го познавале семејството. Спасовски им се заблагодари на сите граѓани за помошта, а им се заблагодари и полицајците.