Дојави за бомби во средни училишта во Софија како и во зградата на бугарското обвинителство и на аеродромот

0
175

Дојавата за бомба ги затвори сите згради во главниот град на Бугарија во кои се наоѓа обвинителството, јавија софиски медиуми. Утрово околу осум часот по локално време на мејлот на Јавното обвинителство на Бугарија е испратена порака во која се тврди дека има бомба во обвинителството.
Поради тоа беше неопходно затворање на Судската палата, во која заедно со судот се сместени и раководството на државното обвинителство и градското обвинителство на Софија. Во моментот полицијата врши проверки.

Салоните за чекање во двата терминала на аеродромот во Софија се евакуирани по закана за бомба.

Пријавено е утрово по 7.30 часот по бугарско време. Полицијата веднаш ги евакуира сите што чекаа и ги испрати надлежните служби да проверат дали навистина има експлозивна направа.

Засега нема информации дека летовите се прекинати, пишува бугарски „24 часа“.

Се проверува и зградата на Окружниот суд во Софија каде што се наоѓа Окружното обвинителство на Софија, како и други простории на државното обвинителство.
Бугарската полиција вчера вршеше проверки откако доби дојава за поставена бомба на Софискиот аеродром.

Дојави за поставени бомби се регистрирани и во неколку средни училишта во Софија, јавија бугарските медиуми. Родителите биле повикани да си ги земат децата од школите.

Учениците од втора смена, според медиумите во Софија, ќе имаат онлајн настава.

 

извор: „24 часа“