Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека бројката на загинати во земјотресите на југот од земјата е зголемена на 18.991.
Тој истакна дека повеќе од 76.000 лица се евакуирани од подрачјата погодени од земјотресите во други градови ширум земјата.
„Се соочуваме со една од најголемите катастрофи во нашата историја“, рече Ердоган за време на посетата на Адијаман, едно од погодените подрачја.
Тој вети дека ќе се обноват јужните региони на земјата погодени од земјотресот како дел од едногодишен план.
„Наш приоритет отсекогаш бил човекот, животот. Нема да дозволиме злоупотреба. Никој не може да ја доведе во прашање нашата искреност по ова прашање“, порача турскиот претседател.
фото:Анадолија