Пронајдено живо бебе во дрво откако го однело торнадо во САД

Четиримесечно бебе е пронајдено живо откако било вовлечено во торнадо во Тенеси, кажаа неговите родители. Двојката рече дека смртоносното торнадо минатата сабота ја распарчило нивната подвижна куќа, и виорот ја зел корпата в која било бебето Лорд. Тоа преживеало и бил откриено во паднато дрво на пороен дожд. Бебето, неговиот едногодишен брат и родителите добиле само помали исеченици и модринки.

Покривот на нивната подвижна куќа бил откорнат како што се приближувало торнадото, рече мајката на двете деца, 22-годишната Сиднеј Мур.

„Врвот на торнадото се спушти и ја зеде корпата со моето бебе. Тој беше првото нешто што се качи нагоре“, изјави Мур.

Нејзиното момче – и таткото на бебето – сакал да го заштити во корпата, но и него го собрало торнадото. Додека тоа се случувало, Мур го грабнала својот едногодишен син Принстон.

„Нешто во мене само ми рече да трчам и да скокнам врз мојот син. Буквално во моментот кога скокнав врз него, ѕидовите се срушија. Бев навистина здробена. Не можев да дишам“, рече Мур.

Откако помина торнадото, Мур успеала да избега од урнатините со Принстон. Таа и нејзиното момче веднаш почнале да го бараат Лорд. Откако го барале бебето на пороен дожд, го нашле живо во нешто што изгледало како мала лулка од дрво.

 

 

sdk.mk