ЦУК: Спасен ловџија од тешко пристапен терен

По информација за повредено лице на непристапен терен, во ловниот терен кај скопското село Буковиќ, стигната во Центарот за управувње со кризи (ЦУК), веднаш е пристпаено кон негово спасување.

Повреденото лице е безбедно евакуирано и со хеликоптер се транспортира на Ургентниот центар за понатамошна постапка.

– Докторката, која е на лице место во непристапниот терен не извести дека повреденото лице е безбедно евакуирано и со хеликоптер се транспортира на Ургентниот центар за понатамошна постапка во Скопје – ова е утринска порака од дежурниот тим на Единствениот број на итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи

Спасителната акција за хеликоптерскиот транспорт на повредениот ловец од планината до болница е извршена иако е недела. Сите ангажирани од Системот за управување со кризи и ловците реагирале добро и според најдобрите можности што ги имале при итната ситуација на непристапниот терен.

– Благодарение на брзата реакција, се пристапи кон брзо спасување на повредениот ловец во реон на ловниот терен кај скопското село Буковиќ, не беше позната во јавноста. Конкретно, денешниот ден, недела (17.12.2023), прекрасен зимски ден исполнет со сонце и снег по планините, многу убав за планинарски, а и ловни прошетки, бил кобен за искусниот ловец Г.Ј., но за среќа со среќна завршница. Тој, многу пати го поминал во својата долга ловечка кариера висиокиот планински терен при лов на диви свињи, во реонот на село Буковиќ каде што при мало случајно невнимание паднал во длабок дол со карпи ја крши десната нога, во пределот на потколеницата до долниот зглоб, на многу непристапен терен – објавија од ЦУК.

Додаваат дека ловецот не ја соблекол чизмата, за да ја држи постабилна скршеницата и веднаш ги побарал ловечките другари кои биле „распрскани“ околу него на теренот при планираниот лов на диви свињи.

– Останатите ловџии Веднаш дошле до другарот, но повредата била опасна, а теренот непристапен. Бидејќи поминало 08.00 часот, веднаш се јавиле на 112 во ЦУК – и Системот за управување со кризи за спасување е покренат. Медицинската екипа стигнува многу брзо до местото, според податоците за 20-ина минути, иако станува збор за голем висок планински дол е прооден само за искусни планинари и ловци. Имале околу 200 метри до повредениот ловец со скршеница, а не можеле да стигнат до него. Телефонски, медицинскиот тим од Итната медицинска помош давала совети, а ловците ги спроведувале. Го грееле за да не добие хипотермија повредениот, со запалени огнови, ја имобилизирале повредената нога, а потоа го извлекле до попристапно место – појаснуваат од ЦУК.

 

cuk