Пред неколку минути над Скопје американски воени авиони го прелетаа нашето небо.
Станува збор за воздухопловните сили на САД во Европа и Африка кои денеска во 14:35 часот извршија прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52.
Американски воени авиони прелетуваат над Скопје pic.twitter.com/EPUjwzdKAN
— Курир (@KurirMK) August 22, 2022
Прелетите на воздухопловите, како што информираа утрово од Министерството за одбрана го демонстрираа силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија.
-Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, појаснија од МО утрово.
Инаку Б-52 се американски стратешки бомбардери кои за првпат полетале пред точно 7 децении, во април 1952. Го носат прекарот летечки тврдини бидејќи се опремени со големо количество бомби и повеќе митралески позиции за одбрана од други авиони-ловци.
Боинг ги произведувал до 1966-та и за американската армија произвел вкупно 744, од кои сега се активни 58, а дополнителни 30 бомбардери се во резерва или се складирани. Авионот го управува 5 член екипаж, а во минатото имало и дополнителни 6-до 6 членови на екипажот кои ги активирале бомбите и митралезите.
kurir.mk