Учениците се враќаат на училиште, штрајкот ставен во мирување

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го стави штрајкот во мирување, а учениците од денеска повторно треба да ја почнат наставата. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решавање на работните спорови. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вчера изјави дека по направените консултации со правни лица, донесена е одлука да се стави штрајкот во мирување сѐ додека трае решавањето на спорот. „Ова е само почитување на законот, доколку не се договориме, повторно ќе го активираме штрајкот. Уверени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот“, изјави Неделков, кој изрази надеж дека платите ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови.

 

Радио Слободна Европа