На парламентарна седницата во Цетиње беше изгласана новата црногорска малцинската влада на премиерот Дритан Абазовиќ, со што заврши тримесечниот технички мандат на Владата на премиерот Здравко Кривокапиќ, на која и беше изгласана недоверба на 4 февруари.
Новото парламентарно мнозинство претходно за претседател на Собранието ја избра Данијела Ѓуровиќ, со што по речиси три месеци се деблокираше работата на парламентот.
Кабинетот на Абазовиќ го поддржаа 16 пратеници на партиите кои ја сочинуваат владата.
Радио Слободна Европа