Доколку следната недела се одржат избори, убедлива победа ќе однесе партијата предводена од политичарот со најголем рејтинг, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, покажува телефонската анекта спроведена меѓу 5 и 9 ноември 2023 година за потребите на Институтот за истражување на политики и добро владеење – Скопје.
Во истражувањето во кое граѓаните ги изразуваат ставови за својата поддршка за политичките партии и политичари, поддршка на опозициската партија ѝ даваат 19,5% од испитаниците, додека 12,6% сметаат дека СДСМ и понатаму треба да ја води државата.
% | |
СДСМ | 12,6 |
ВМРО-ДПМНЕ | 19,5 |
ДУИ | 5,3 |
Алијанса за Албанците | 4,5 |
БЕСА | 2,4 |
Демократско Движење | 1,8 |
Левица | 3,2 |
Алтернатива | 0,9 |
Друга партија | 4,5 |
Не знам/Нема одговор | 4,5 |
Ниедна | 29,4 |
Не сака да каже | 11,4 |
Вкупно | 100% |
Истражувањето реализирано на репрезентативен примерок од 1050 испитаници покажува и дека највисок рејтинг меѓу политичарите има Христијан Мицкоски. Во политиките што ги спроведува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ излез од ситуацијата во која се наоѓаме гледаат 16,9% од испитаниците или речиси двојно повеќе одошто му веруваат на актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. За Ковачевски се изјасниле само 9,1% од испитаниците.
Интересно е дека неговиот претходник, Зоран Заев, на оваа анкета има пониска доверба и од Стево Пендаровски. На Заев се уште му веруваат 1,5% од испитаниците, додека за Пендаровски во оваа анекта се изјасниле рекордни 6,1% испитаници, што претставува можеби највисок рејтинг во претседателската кариера на овој политичар.
% | |
Димитар Ковачевски | 9,1 |
Христијан Мицкоски | 16,9 |
Стево Пендаровски | 6.1 |
Зоран Заев | 1,5 |
Али Ахмети | 5,1 |
Арбен Таравари | 4,8 |
Билал Касами | 1,9 |
Изет Меџити | 2,1 |
Димитар Апасиев | 4,2 |
Ниту Еден | 40,5 |
Друг | 4,5 |
НЕ знам | 3,3 |
Вкупно | 100% |