Македонец уапсен во Грција со 45 килограми канабис

Македонски државјанин на возраст од 27 години вчера бил фатен со 45 килограми канабис во својот автомобил во близина на грчкиот град Кукуш, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Осомничениот се обидел да избега од полицијата, но се судрил со друго возило, по што бил уапсен од Тимот за борба против дрога при Одделот за безбедност на Кукуш.

Резултатот од апсењето било спречување на увоз на поголема количина канабис во земјата, се додава во текстот на новинската агенција. При претрес на возилото што го управувал биле пронајдени и одземени две кеси во кои имало вкупно 40 пакувања со канабис, со вкупна тежина од 45 килограми и 2 грама, кои, како што се дознава, ги добил претходно од непристапна погранична област кај Кукуш.

Одземено е горенаведеното возило што го користел, како и два мобилни телефони кои биле пронајдени кај Македонецот.

 

skopskoeho.mk