ВМРО ДПМНЕ: 72% од граѓаните на Македонија сметаат дека државата се движи во погрешна насока, затоа потребни се избори за спас од оваа неспособна влас на СДС и ДУИ

Последните анкети и истражувања потвдуваат дека државата се движи во погрешна насока, а за тоа најодговорна е власта на СДС и ДУИ.

Резултатите од последната анкета на Евротинк покажуваат поразителни проценти за насоката во која се движи Македонија. Дури 72 % од испитаниците истакнале дека тие не живеат подобро, и дека имаме уназадување во секое поле во опшеството., се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ви го пренесуваме истото во целост:

На скала од 1 до 5, дури 53% од испитаниците дале оценка 1, или целосно погрешна насока и 19% на владата и дале оценка 2. Од оваа анкета на Евротинк, спроведена од Брима само 9% од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во правилна насока, историски најниска доверба во изминатите 10 години.

Криминалот и корупцијата на власта, несправувањето со енергетската, здравствената, но и економската криза, зголемената инфалција, катастрофата во здрвството се само мал дел од причините на оваа најнеспособна власт предводена од СДС и ДУИ за толку малата доверба од 9% од страна на граѓаните.

Исто така голем проблем кој го нотираат граѓаните се и големите отстапки од страна на власта во решавањето на надворешните проблеми, виткањето кичма и попуштањето пред соседите.

Токму резултатите од анкетите и истражувањата се најголемиот страв на власта од соочување со граѓаните на избори.

Исплашени од малата доверба, власта на СДС и ДУИ бегаат од избори, знаејќи дека граѓаните во огромно мнозинство ќе ги казнат нивните погрешни политики, криминалот и корупцијата.

извор: ВМРО ДПМНЕ