Помагаме на секој можен начин на населението од сојузничка Турција погодено од катастрофалните земјотреси. Денес со Министерството за одбрана испративме шлепер со хуманитарна помош за Република Турција.
Пратката од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.
Благодарност до Македонско-Турската стопанска комора, која се погрижи за пакувањето и транспортот на хуманитарната помош.
фото ФБ