Рано утрово избил пожар во викендица на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, потврдија за Телма од надлежните институции.
Пожарот е пријавен во 6:10 часот наутро во село Леуново во викендицата која се наоѓа во близина на хотел„Радика“.
Нема повредени лица, противпожарна единица од Гостивар е на терен и го гасне пожарот.
Пожарот избувнал од засега непознати причини, а натамошната истрага треба да ги открие причините за пожарот.
извор: Телма