Македонската асоцијација на новинари МАН остро ja осудува последната желба зРеакцијата се однесува на пораката на Јовановска „Уште тебе да те снема“, за сатиричниот пост на новинарот на емисијата „Заспиј ако можеш“, на новинарот на телевизија Алфа, Горан Момироски.а ликвидација од новинарката која посака смрт за колегата Горан Момироски.
Реакцијата се однесува на пораката на Јовановска „Уште тебе да те снема“, за сатиричниот пост на новинарот на емисијата „Заспиј ако можеш“, на новинарот на телевизија Алфа, Горан Момироски.
„Независно од психолошките мотиви на провладината новинарка на сајтот „Независен“ Слободанка Јовановска, таа со оваа своја објава на социјалните мрежи, директно преку компјутерски систем повикува на ликвидација на независниот новинар, што само по себе е закана по животот и безбедноста на Горан Момироски.
Точно е дека Јовановска има блиски релации со врвни функционери во власта, а нејзината порака да го снемаМомироски може да го поттикне било кого од нејзините следбеници и поддржувачи на СДСМ да преземат насилничекори против Момироски“, се наведува во соопштението.
Затоа, МАН смета дека оваа порака од Јовановска, е порака од владејачката СДСМ да се пресмета со сите независни новинари кои известуваат за криминалот и корупцијата во власта, што е пракса преку правосудниот системи цензорите на социјалните мрежи во изминатите 7 години.
„Да потсетиме, под кривичен прогон од разни основи се над 80 независни, професионални медиумски работници коиобјавуваат афери за криминалот и корупцијата на власта.
Провладините цензори на социјалните мрежи досега немаат ниту една пријава, блокада на владините, провладинитеактивисти и апологети на власта за било која закана која ја имаат упатено до независните и професионални медиумииновинари.
МАН ќе биде пријатно изненадена ако јавното обвинителство и МВР по службена должност преземат мерки противЈовановска, бидејќи врз основа на повеќегодишната пракса, тоа досега не е случај и со многу други претходнидиректни и јавни закани упатени до независните новинари од видни функционери на СДСМ, членови и симпатизеринавласта.
– Очигледно е дека организациите во чие основање и работење учествувал колегата Момироски, без неговиот
ангажман даваат резултат кој во последните 7 години е целосно поразителен за новинарството како професија. Ја поздравуваме смирената и разумна реакција на почитуваниот колега Момироски, кој иако не е член на МАН, има отворена покана да се придружи на МАН и вистински заеднички да работиме за заштита на новинарите и медиумските реформи. МАН ќе продолжи со своите напори за законски реформи кои ќе овозможат поголема заштита на новинарите од секој вид на закани, бидејќи тоа е единствениот цивилизиран, етички, законски и Уставен начин на делување“, реагира МАН.