Тошковски детално објасни: Еве како со стар пасош да отпатувате било каде во Европа

Странските држави имаат повеќе разбирање за македонските граѓани од нашата власт, вели денеска техничкиот Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој во детали објасни како со македонски пасош со старото име можете да отпатувате во Европа.

„ Откога ќе се излезе со лична карта од територијата на Македонија кај трите наши соседи, без проблем може да се влезе со патна исправа со старото име во Република Хрватска без никаков проблем, во Република Унгарија без никаков проблем. Оттаму може да се влезе во Словенија и знаете согласно правилата на ЕУ може да се патува слободно. Еве последно шпанскиот амбасадор можев да го видам и рече дека сега како што е ситуацијата, тие имаат големо разбирање за македонските граѓани“ – рече Тошковски.

Тој објасни дека во моментов МВР го има за неколку пати зголемено капацитетот на изработка и издавање на пасоши, но ограничувањето на нивното печатење и натаму останува.