Американската лотарија Mega Millions објави дека денеска е извлечен добитен тикет, чиј сопственик од Флорида освоил џекпот од 1,58 милијарди долари, најголема добивка во историјата на американската лотарија.
Билетот го купил во супермаркет во Нептун Бич, крајбрежна заедница источно од Џексонвил, објавија медиумите.
Шансите да се погодат сите бројки – 13, 19, 20, 32, 33 и бонус број 14 биле еден на 302,6 милиони.
Среќниот добитник може да избере помеѓу плаќање на сите 1,58 милијарди долари на годишни рати или 783,3 милиони долари одеднаш, од кои дел оди на даноци.
Последниот џекпот на Mega Millions беше освоен во април во Њујорк, а тој изнесуваше 20 милиони долари.
Најголемата добивка на американска лотарија беше џекпотот на Powerball од 2,04 милијарди долари во ноември 2022 година.