Алтернатива оди во опозиција, Гаши вели: Имавме партија која не ги исполнува своите ветувања

По денешниот состанок на централното собрание на Алтернатива во Тетово, претседателот на оваа партија, Африм Гаши соопшти дека била донесена одлука за напуштање на владината коалиција и заминување во опозиција. Тој со остри зборови го критикуваше Социјалдемократскиот сојуз на Македонија

„Од друга страна имавме партија која не ги исполнува своите ветувања, која не знае што се европски вредности и дури и во етичка смисла не се достојни за партнерство, ние денеска одлучивме дека Алтернатива, заедно со тројцата пратеници и сите нејзини структури, отсега па натаму ќе биде опозициска партија “ – изјави Гаши.

видео: МИА