Фактор: Еден ден по еврообврзницата од 600 милиони евра, Владата издала и домашна обврзница

Еден ден откако ја изаде еврообврзницата од 600 милиони евра, од Владата издале и 15 годишна државна обврзница, на сума од 14 милиони евра.

Таа домашна државна обврзница од утре ќе почне да котира на Македонската берза, објави Фактор.

За тоа берзата ја извести инвеститорската јавност.

Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, со вредност на емисијата од близу 872 милиони денари и со датум на достасување во февруари 2038 година.

Она што е битно за оваа државна обврзница, со која земјава се задолжува кај домашните кредитори, е дека нејзината годишна каматна стапка ќе изнесува 5,6 отсто.

 

Текстот во целост на: Фактор.