Добитникот на „Европската награда за литература“ и наградата „Роман на годината“: Според кои критериуми превод на друг јазик се смета за национален интерес, а книга напишана на македонски јазик не е дел од национален интерес

0
169

Дискутабилни критериуми, кои траат во континуитет. Веќе сме уморни да реагираме на небулозни одлуки, велат уметниците за одобрените проекти кои ги објави Министерството за култура, објави Телма.

За Петар Андоновски, добитник на „Европската награда за литература“ и наградата „Роман на годината“, чии дела се преведени на десетици јазици збунувачки е дека новиот роман со кој конкурирал е одбиен, додека превод на неговиот роман „Страв од варвари“ преведен на албански јазик е поддржан. Романот ќе го објавам и без поддршка на министерство, вели тој.

„Според кои критериуми превод на друг јазик се смета за национален интерес, а книга напишана на македонски јазик не е дел од национален интерес.Очекувано беше дека нема да поминам уште на почетокот на годината кога гостував во вашата телевизија јас реков дека шансите да не добијам се многу големи. Причините се јасни класична освета на министерката за култура за сите оние критики јавни од моја страна минатата година. И наместо да се занимаваме со тоа што треба ние писателите да се занимаваме со пишувањето, ние се занимаваме со суетна министерка. Но и многу посуетни министри пред неа се обидувале да не замолчат, но не успевале“ – вели Андоновски.

Револтиран сум гледајќи ги резултатите и невозможно е да се сублимира тоа понижување.

За урбаната музика и независните културни работници сето ова е демотивирачки, вели публицистот и автор на македонската рок енциклопедија Тошо Филиповски.

 

Текстот во целост на: Телма.