(ВИДЕО) Потрошила повеќе од сто илјади евра на огромен задник

 

Наташа Краун од Шведска сонува да го има најголемиот задник на светот, па шест пати го оперирала нејзиниот за да се доближи до остварување на својата најголема желба. За операцијата платила нешто повеќе од 110.000 евра бидејќи тврди дека колку поголем задник, толку подобро.

– Се прославив по својот огромен задник и мислам дека мажите се плашат од него. Знам дека сум во крајност, мојата последна врска беше пред седум години – открила Наташа, пишува The Sun.

Идејата за зголемување на задникот Наташа ја добила кога почнала да тренира во теретана, па набрзо сфатила дека може да добие задник на поедноставен начин.

 

– Направив шест операции, и се надевам дека ќе дојде некој кој нема да се плаши од мојот задник – изјави таа.

Швеѓанката на Инстаграм ја следат 2,1 милион фанови со кои секојдневно споделува кадри во кои главна ѕвезда е нејзиниот задник.

Заедно со провокативните фотографии, таа објавува и видеа на кои ги покажува своите атрибути, а покрај задникот додаде и волумен на усните кои исто така често ги истакнува.

– Ти си исполнување на сите соништа – искоментирала маѓепсана обожавателка, додека некои пишувале дека сепак претерала и дека нејзината привлечност избледела поради тоа.