(ВИДЕО) Девојката го одбила запросувањето пред илјадници луѓе, несудениот младоженец го тешела маскотата

Јавните запросувања стануваат се попопуларни, но има и сè повеќе девојки кои ги одбиваат своите партнери кои на овој начин ги запросуваат, а една таква непријатна сцена се случи на натпреварот меѓу Атлас и Монтереј во Мексико.

На полувремето еден навивач на домашниот тим реши да ја запроси својата девојка пред илјадниците гледачи. Младиот човек се потрудил да и приреди вистински спектакл, па во самиот чин била вклучена и маскотата на Зоро.

Кога момчето клекнало на едно колено за да ја побара нејзината рака, девојката рекла „не“ и побегнала, оставајќи ги сите во неверување за тоа што се случило. Непријатниот момент го уловија неколку камери, а момчето се скрши во солзи и го напушти теренот додека маскотата го тешеше.

 

 

index.hr