Јаулески: Таравари ги продаде Албанците за шака директорски места кои ќе траат 10 месеци

Денес на дневен ред уште една трагикомична претстава на театарот на СДСМ и ДУИ, а тоа е неуспехот да го престави како успех. Па така, се прави реконструкција на Влада со влез на нова партија од албанскиот блок и тоа замислете не било која, туку онаа на која што му беше полна устата дека ДУИ конечно треба да замине во опозиција. Се преставуваа како спасители на на албанскиот народ во наводници од злобните ДУИ, па Алијанса на Таравари ќе биде таа која што ќе го спаси народот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

Тој од денешната собраниска седница за за рекоснтрукција на владата, Јаулески рече дека се испостави дека Алијанса за Албанците не се ништо друго освен соработници на ДУИ и Арбен Таравари кој ја продаде битката на сограѓаните Албанци, за шака директорски места кои ќе му траат десет месеци, а сите говори и обвинувања од минатото биле само една маска во лов на гласовите на нашите сограѓани Албанци.

Не знам дали стигнуваат до тебе чарсиските муабети, конкретно од Струга, каде што уживаше голема поддршка, дека не си баш толку омилен после оваа коалиција со ДУИ. Пред само година ипол, две со чесните Албанци кои имаа искрени намери, истите оние кои децата им се иселуваат, истите оние кои што се разочарани од криминалот и корупцијата, водевме заедничка битка во Струга за да се случат промени. Вие, нивните очекувања ги изневеривте и ги излажавте вашите сопствени гасачи. Сега ќе ги лажете дека ова е само десет месеци за да ви зајакне партијата. И да ви поверуваат за момент дека е така, после извесни време ќе се види дека не е така, затоа што вие ќе станете учесници во криминалот, ќе станите соочесници во корупцијата и само пар неколку функционери назначени од Алијанса за Албанците ќе се богатат заедно со функционерите на ДУИ, на грпот на оние кои што ве избраа. Господине Таравари, ја продаде битката на нашите сограѓани Албанци, за шака директорски места кои ќе ти траат десет месеци. После што ќе правиш? Партијата ќе ти се претопи во ДУИ и ќе треба да ставиш катанец на врата, поточно ќе настане пасокизација на Алијанса, истакна пратеникот Јаулески од собраниската говорница.

Јаулески го потсети Таравари, како ревносно го обвинуваше Али Ахмети, Зоран Заев и целата оваа власт и дека Алијанса и ДУИ не можат да бидат во коалиција, а сега не само што ќе бидат во коалиција, туку ќе бидат и партнери во криминалот.

На 11.06.2018 година лично Алијанса обвинуваше дека има закани по живот, но тогаш Генералниот секретар, сега лидер на Алијансата, Арбен Таравари од страна на ДУИ. Потоа со неколку последователни пресови ја обвинуваше истата ДУИ за криминал, корипција и партски вработувања, се до денс кога им седна во скутот. Даде интервју посветено на тоа де ДУИ и Алијанса никогаш не мпже да се најдат во иста коалиција. Еве денес, не само што сте коалиција туку ќе станете и партнери во криминалот, рече Јаулески.

Јаулески исто така го запраша Таравари како не му е срам да поттикнува меѓуетнички тензии и да ја заплашува македонскста јавност радикализирање на нашите сограѓани Албанци ако во Собранието не поминеле устаните измени.

Нели ти е срам господине Таравари да плашиш мали деца дека доколку не се промени уставот, Албанците ќе се радикализираат? Ти, сакаш ли да го глумиш Али Ахмети, кај него одеше ли на спремање? Нели ти е срам господине Таравари да зборуваш за радикализирање и да подгреваш меѓуетнички тензии? Па, мене ли ме плашиш кој сум родум од Струга, кој израснал во град со Албанците и ден денеска имам другари со кој секојдневно пијам кафе, си одиме на слави, си одиме на родендени, на прослави. Мене ли најде да ме плашиш, господине Таравари, запраша Јаулески.

извор: ВМРО ДПМНЕ