Се вратиле од САД во Турција за да го започнат процесот на вештачко оплодување, но биле пронајдени гушнати под бетонската плоча

Брачниот пар Алекс и Вероника Илгин, кои дојдоа во Турција од Флорида, по разорниот земјотрес што го погоди градот Искендерун, беа пронајдени гушкани на кревет под бетонска плоча.

Тие се преселиле од САД во Турција за да го започнат процесот на вештачко оплодување и да основаат семејство. Тие се венчаа минатиот јули, а во јануари дојдоа да живеат во родниот град на Алекс, Искендерум. Алекс бил брокер за хипотека, а неговата сопруга медицинска сестра.

Алекс и Вероника живееле во петкатница во Искендерун, која, сепак, била срамнета со земја во земјотресот.

-Братот на Алекс ги бараше со спасувачката екипа. Ги нашол под урнатините, ги нашол гушнати во кревет, под бетонската плоча. Немаа време ниту да станат – рекол најдобриот пријател на Алекс, Василиус Пулос – пренесува Daily Mail.

 

index.hr