Невладините бараат убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид

Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека убиството на Пешева треба да се квалификува како фемицид. Жртвата претходно пријавила насилство, но постапката против Ф.З кој го изврши убиството врз неа ја има запрено на 2 септември потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип. Образложението и било дека предупредувањето од полицијата имало влијание врз неговото однесување, но и дека ќе ја заштитат родителите. Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип за МИА вели дека подолг временски период бараат законски измени, со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.