Жена пријавила дека се обиделе да ѝ го киднапираат детето во парк во Ѓорче Петров

Драма се одвивала во паркот во Ѓорче Петров во текот на вчерашниот ден. Мајка пријавила обид за киднапирање на нејзиното дете, од страна на жена која седела на една од клупите во парк.

Кога мајката забележала што прави, почнала да вика да застане, а поради сомнежот дека се обидува да и го киднапира детето, почнала да вика и „полиција, полиција“. Жената застанала и ѝ рекла да престане да се дере.

Случајот е пријавен и во полиција, а жената која го земала детето посочила дека целта и била да го однесе кај нејзините деца додека го најде родителот – иако мајката била цело време близу со детето.

За случајот е известен и јавен обвинител.

извор: 24info.mk