Македонец е уапсен во Бугарија – шверцувал мигранти

0
221

Бугарската полиција утрово во градот Бургас уапси македонски државјанин кој превезувал мигранти во камион.

Станува збор за 60-годишен македонски државјанин. Тој превезувал мажи  од Авганистан. Нив ги земал во областа Дебелт, а камионот поминувал низ Бургас. Полициски службеници го запреле камионот во приморскиот град. За случајот е поведена предистражна постапка, објави агенцијата БТА.

извор: БТА.

фото: БТА.