Познати храбри дами кои ја добија битката со ракот

0
242

Виолета Томоска

На крајот на дебатата „Розев октомври“, својата лична борба со канцерот на дојка ја сподели и познатата естрадна уметничка Виолета Томовска, раскажувајќи ги сите фази низ кои таа поминала од моментот кога дознала дека има канцер на дојка. Таа говореше за нејзиниот оптимизам, отсуството на страв од болеста, поддршката од лекарскиот тим, а најмногу поддршката од сопругот и децата кои ѝ помогнале да не падне во очај. Таа веднаш по констатирањето на дијагнозата со дозвола од нејзиниот доктор заминала на турнеја во Австралија и како терапија ја вклучила само музиката. По враќањето од Австралија, го започнала целиот процес на лекување и хемотерапија, за на крај сè да се заврши успешно.

 

Теута Арифи

На поранешната градоначалничка на Тетово и политичарка Теута Арифи, коа ѝ била дијагностицирана болеста, таа била 4 и пол месеци бремена. Во таква состојба, не можело да се направат повеќе анализи и испитувања. Лекарите ѝ советувле да се ослободи од бременоста за да почне со хемотерапија, но таа не била подготвена за тоа. Среќна е затоа што одлучила да продолжи со бременоста иако била оперирирана двапати во текот на бременоста. Само две недели по породувањето, почнала со шест сеанси на хемотерапија.

„Доколку човекот го немаше длабоко во себе тоа чувство дека смртта е далеку од него, сигурно немаше да биде изградена цивилизацијата, сè што постои во светот, во науката и во уметноста. Никој не сака да се соочи со фактот дека крајот може да биде тука, зад врата, но кога тоа ќе се случи, инстинктот за живот ве тера да се борите. Јас не можев да се борам само за себе, туку и за животот на син ми. Во таква ситуација, ниту една мајка не може прво да одлучи за својот живот, а потоа за своето дете, и затоа и мајките се мајки. Токму затоа, и покрај сите ризици, одлучив така како што одлучив, а моите најблиски, откако јас ја донесов одлуката, ме поддржаа и, откако се породив и почнав да одам на хемотерапија, и мојот сопруг и сестрите и родителите беа максимално посветени и направија сè за да можам да го изодам тој период. Секако, периодот беше тежок, ги изгубив косата, веѓите, сè што една жена сака да го има, терапијата беше тешка и требаше да се издржи. Секој човек има сила, само треба да ја најде во себе и да ја најде причината поради која сака да води една битка„- вели Арифи во едно интервју.

Лила Филиповска

За водителката Лила Филиповска минатата година беше во знакот на опасната болест, но таа не ја симна насмевката од себе, никој не знаеше, носеше перики, уживаше во животот. Се избори!

„Канцерот ми го смени животот но не и мојата вредност. Прв пат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот не е непобедлив !!!! Јас сум доказ !!!!

 

zenskimagazin.mk