Празникот на пролетта- 22 март, младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден, Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.
Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.
Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.