Д-р Ана Кацарска од Скопје е гинеколог која успешно работи две години во Дубаи

„Заминав сама, иако никогаш претходно не сум била овде. Луѓето се многу пријатни и гостопримливи. Во Дубаи никогаш немате чувство дека сте сами“ – раскажува д-р Ана Кацарска од Скопје, гинеколог – акушер во приватна болница во Дубаи.

Д-р Ана Кацарска од Скопје е гинеколог – акушер која веќе 2 години работи во Дубаи.

„Отсекогаш имав желба и сакав да живеам и работам во мултиетничко општество со повеќе националности. Заминав сама, иако никогаш претходно не сум била во Дубаи, единствено имав читано за градот дека е многу динамичен и дека брзо се развива и една од работите што ја сакам за градот е токму таа динамика“.

Се навикнав прилично брзо. Луѓето што живеат овде се многу пријатни и гостопримливи и секогаш се подготвени да помогнат. Во Дубаи никогаш немате чувство дека сте сами.

Се навикнав прилично брзо. Луѓето што живеат овде се многу пријатни и гостопримливи и секогаш се подготвени да помогнат. Во Дубаи никогаш немате чувство дека сте сами.

Работам во приватна болница. Има постојано новитети, се следат секогаш светските трендови, во болницата каде што работам има можност за родилките за „water birth“.

Да се работи со доктори од целиот свет е навистина голем предизвик, но и можност секогаш да се научат нови оперативни техники.

Начинот на породување е индивидуален како и кај нас и во зависност од самата бременост, доста од пациентките сакаат и се одлучуваат за „water birth“, најверојатно од желбата да се види и проба едно поразлично искуство.

Дубаи е одлично место за луѓето кои имаат желба нешто да постигнат, градот нуди одлични услови за брз напредок, бидејќи животот во Дубаи е навистина динамичен и брзо прогресивен.

Секојдневно се случуваат премногу настани и конференции, има многу што да се види и научи.

crnobelo.mk