(ВИДЕО) ДЗС ги засили тимовите влучени во потрагата по Петар Џубоски, се пребаруваше и јамата на напуштениот рудник „Партизанка“

0
333

Дирекцијата за заштита и спасување ги засили тимовите влучени во потрагата по детето Петар Џубоски со стручни лица и од Македонски Брод и од Тетово, освен со колеги од Битола, Прилеп и Скопје.
Ангажирани се нашите сили и обезбедени се АТВ – мотори и специјални возила. Денеска припадник од Тимот за спасување од од високи објекти од ПОЗС – Прилеп во јамата на напуштениот рудник „Партизанка“ се спушти во длабочина до 70 метри, а во кое никој не влегол веќе 40 години.
Тимовите на ДЗС утре ќе почнат со потрага од 8 часот.