(ВИДЕО) Од денеска 73 прехранбени производи се продаваат со намалени цени

Стартуваше владината мерка за ограничување на бруто профитната маржа. Вкупно,73 производи ќе имаат намалена цена до 31 октомври, а трговците на големо и трговците на мало имаат обврска за да набавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70% од количините во месец август.

Премиерот Мицкоски очекува со мерката цените да се намалат и до 10 %. Вели секој оној кој нема да ја почитува ваквата мерка ќе биде санкциониран, а уште еднаш најави и нови вакви мерки за време на празници.

Од 50 до 80 денари е намалена цената на килограм кашкавал, за 30тина денари помалку се продаваат и пилешкото, свинското и јунешкото месо опфатени во мерката. Намалување од 5 до 30 денари зависно од количината на производот има и кај бисквитите, путерот, млечните производи, зачини, ориз, грав, дел од конзервираната храна, брашното, маслото, зеленчукот и овошјето.

Во продолжение изјавата на заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.