(ВИДЕО) Невреме и поплави во Анкара – има и загинати и исчезнати

0
346

Едно лице загина во поплавите предизвикани од силниот дожд што ја погодија Анкара, соопштија локалните власти.

Турските медиуми наведуваат дека спасувачите пронашле тело на 27-годишен маж кој работел како возач на автобус.

Турското Министерство за внатрешни работи претходно соопшти дека едно лице се води како исчезнато.

Градоначалникот на Анкара, Менсур Јавас, на социјалната мрежа „Твитер“ објави дека од поплавата се спасени 35 лица.

фото: PRTSC